hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Рутинска победа на Нант над Сант Рафаел и скок до второто место на табелата

нант - сант рафаел 2

Нант - Сант Рафаел 31:27 (18:12)

Продолжува серијата на победи на Нант во домашното првенство во 2018 година. Екипата на Кирил Лазаров (не настапи заради повреда) го совлада Сант Рафаел во дербито до 16. коло на шампионатот на Франција со 31:27 (18:12). Со овој триумф Нант го мина Сант Рафаел и во очекување на утрешното дерби меѓу ПСЖ и Монпелје, изби на второто место.

Домашната екипа во голем стил го почна мечот и со Белегер во истата форма како против Вардар поведоа со 12:6. Шпанецот постигна шест гола од седум обиди во првата половина од полувремето и ја истакна кандидатурата за играч на натпреварот. Репрезентативецот на Франција, Сошето со три гола во низа ги врати гостите во мечот, но брзо погодија Турно и Лагард за 15:10 во 25. минута. Доминик Клајн го заврши првиот дел со два гола за 18:12 на одмор за екипата на Тјери Анти.

нант - сант рафаел 3

Нант подобро го почна и второто полувреме и преку Клер и Пехмалбек предноста ја зголемија на 25:16. Од тој момент со голема леснотија францускиот претставник во Лигата на шампионите го приведе натпреварот кон крај. Нант славеше со 31:27 и со оптимизам го очекува последниот европски натпревар од групната фаза против ПИК Сегед.

Најефикасни поединци во тимот на Нант беа Белегер со осум и Турно со пет гола, а кај Сант Рафаел се истакнаа Каралек со пет и Абили и Сошето со по четири гола. Одличен на домашниот гол беше Сирил Думулен со 13 интервенции.

Share