hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант го надигра европскиот првак и остана непоразен дома во Европа

nant - vardar 8

Нант - Вардар 27:26 (18:12)

Ракометарите на Нант ја потврдија непобедливоста на домашен терен во Лигата на шампионите, откако го совладаа тимот на Вардар со 27:26 (18:12) во преттпоследниот натпревар од групната фаза. Нашиот репрезентативец Кирил Лазаров мечот го следеше од трибините заради повредата која цел февруари го оддалечи од терените.

Вардар го одигра најлошиот натпревар во оваа сезона и немаше начин како да дојде до подобар резултат. Откако Нант набрзина дојде до 3-4 гола предност беше јасно дека ќе биде тешко „црвено-црните" да се вратат во средбата. Место тоа негативата само се зголемуваше. Момците на Раул правеа премногу грешки. Сето тоа резултираше и со малку одбрани од Штербик и Милиќ и со негатива од шест гола (18:12) на полувреме.

nant - vardar 7

Францускиот тим во идентичен ритам го стартуваше и вториот дел, па домаќините набрзина дојдоа и до „плус осум" (20:12). Дибиров постигна два гола во серија и Вардар намали на 21:15, но Нант потоа ја стабилизираше играта и ја одржуваше предноста околу шест гола. Домашниот тренер Анти побара тајмаут на средината од полувремето при резултат 23:17, а веднаш потоа Гурбиндо реализираше во мрежата на Штербик, кој во вториот дел бранеше далеку подобро отколку во првите дваесет минути. Со својот петти гол Дибиров спушти до -2, а Нант преку пет минути не постигна гол. Сепак, Клајн ја прекина црната серија, но Штербик со 11. одбрана донесе трошка надеж. Шишкарев погоди за 27:25, но згреши Борозан и пропадна можноста за пресврт. Нант и покрај големиот пад во играта го доби дуелот со 27:26.

nant - vardar 6

Најефикасни поединци во тимот на Нант беа Гурбиндо со осум, Балагер даде шест, а Клајн пет гола. Кај Вардар се истакнаа Дибиров и Циндриќ со по четири гола. Думулин собра 15 одбрани на домашниот гол, а Штербик беше автор на 11 кај гостите.

Share