hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант поразен на гостувањето во Хрватска

zagreb - nant 1

ППД Загреб - Нант 23:22 (12:8)

Ракометарите на Загреб го совладаа француски Нант со 23:22 (12:8) во еден од дерби натпреварите од 12. коло на Лигата на шампионите. На почетокот беше 1:1, а потоа предноста постојано беше на страната на домашните. На одмор се замина со водство на Загреб со 12:8.

Во вториот дел „плинарите" имаа во неколку наврати и +5, но Нант притисна и намали на 19:18 во 50 минута. Гурбиндо погоди за 23:22 и го остави својот тим во натпреварот. Загреб промаши во следниот напад, но Кастелиќ му одбрани контра на Печмалбек и бодовите останаа во Загреб

zagreb - nant 2

Павловиќ даде седум голови во домашниот тим, а по четири имаа Хорват и Бичаниќ. Кај Нант, Гурбиндо и Клер постигнаа по четири погодоци. Кирил Лазаров влегува во завршна фаза на заздравување по повредата на Европското првенство и наскоро ќе се врати на терените.

Share