skolo logo fb

logo-kmg

hummel Logo 160

LIVESCORE.in
OFF

Седма победа по ред за Нант во Лигата на шампионите

nantifkk

Кристијанштад – Нант 26:31 (12:13)

Ракометарите на Нант, без услугите на повредениот Кирил Лазаров, извојуваа победа на теренот на Кристијанштад со 26:31 и останаа на второто место во групата А на Лигата на шампионите.

Првиот дел мина во изедначена игра, двете екипи се менуваа во водството, а Соренсен и Гудмундсон одговараа на головите на Балагер (девет во првиот дел). Екипата на Анти на одмор замина со минимална предност од 12:13.

На почетокот од второто полувреме се разиграа Емоне, Турне и Хансен, па Нант се одлепи на 17:21. Играта во одбрана на гостите стана адут на Французите и на средина од вториот дел домашниот стручен штаб побара минута одмор. Кон одличниот Белегер се придодаде и Гурбиндо со серија на голови и високи +5 на осум минути до крајот. Гостите ја сочуваа предноста до самиот крај и се радуваа со 26:31.

Наефикасни во таборот на шведскиот шампион беа Гудмундсен со 9 и Хален со 5 гола, а кај Нант одлични беа Белегер со 12 гола и Гурбиндо и Турне со по 4 гола. По победата во Купот на Франција во средата, нов триумф за „канаринците" кои сега имаат седум триумфи по ред во Лигата на шампионите.