skolo logo fb

logo-kmg

hummel Logo 160

LIVESCORE.in
OFF

Лазаров: Побрзо ќе ја изненадиме Германија, отколку Словенија

sportklunb1

Се доближува почетокот на Европското првенство во ракомет во Хрватска и расте ракометната треска во нашата земја. Во интервју за срспкиот медиум Спортклуб, капитенот на националната селекција зборуваше за предизвикот и противниците во групната фаза.

„Секогаш сум оптимист, можеби понекогаш и нереален. Ние како репрезентација треба да бидеме скромни и да стоиме цврсто на земја. Она што можам да го кажам е дека на ниту еден меч нема да се предадеме, па ниту на Германија. Сега да кажам дека ќе ги добиеме Германија и Словенија, а потоа во вториот круг Данска и Шпанија е нереално. Што се однесува до нашата група, мислам дека повеќе шанси имаме против Германија и Црна Гора, отколку против Словенија, која е незгодна селекција и затоа е трета во светот. Во Хрватска ќе отпатува со еден фантастичен селектор, како што е Веселин Вујовиќ и со 16 квалитетни играчи. Свесни сме дека нам нè чекаат тешки дуели, па затоа треба да ја играме нашата игра и да одиме од меч во меч", смета Лазаров.

Потоа ракометарот на Нант се осврна на неговата долготрајност и континуитет на успеси во врвниот ракомет.

„Не знам уште колку долго ќе играм, но како милува времето, се повеќе имам желба за уште нови победи и тешко ми паѓаат поразите. Задоволен сум и горд на се што постигнав, многу вложувам во себе и мислам дека сум вистински пример како спортист треба да се однесува не само на моите години, туку и во младите категории", вели Лазаров.

Потоа капитенот на нашата селекција се осврна на третманот на ракометот во нашата земја.

„Ракометот мора да остане спорт број еден, Македонија тоа го заслужува. Луѓето во нашата земја неизмерно го сакаат ракометот, премногу работи се направени во позитивна насока и во репрезентацијата и во клубовите во последните години. Во федерацијата го имаме вистинскиот човек, Живко Мукаетов, кој е амбициозен и сака од година во година се да биде уште подобро. Имаме талент, направивме база, децата седат пред ТВ, гледаат и имаат свои идоли. Имаме и клуб шампион на Европа, тука е и Металург кој со години работи со млади играчи", смета Лазаров.

Комплетното интервју на Лазаров за Спортклуб, можете да го погледнете ТУКА:

sportklub