hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Ракометарите со 16 разлика ја декласираа Саудиска Арабија во Белград

mksaudi

Македонија - Саудиска Арабија 37:21 (19:11)

Македонската ракометна репрезентација ја забележа првата победа на контролните дуели. Попладнево во Белград во натпревар од затворен тип Македонија ја победи Саудиска Арабија со 37:21 (19:11). Селекторот Раул Гонзалес им даде шанса на сите играчи.

Натпреварот беше равноправен само во првите 15 минути, а потоа македонските ракометари постојано го зголемуваа водството. Најефикасни во составот на Македонија беа Филип Талески и Гоце Ојлески, кои постигнаа по пет голови.

Утре Македонија ќе го одигра вториот контролен натпревар, а противник е Србија. И овој натпревар ќе се игра во Белград, а почетокот е во 18.00 часот.

Share