hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Специјална награда од АМС за Кирил Лазаров

ams kire

На церемонија на Агенцијата за млади и спорт беа прогласени најдобрите спортисти на Македонија за 2017 година. Ракометарот на Вардар и македонски репрезентативец Стојанче Стоилов е избран за спортист на годината. Наградата најдобра спортиска на Македонија за 2017 година ја доби каратистката Јована Георгиева, која освои бронзен медал на Европското првенство во Коџаели, Турција.

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија и тренер на европскиот првак Вардар Раул Гонзалез ја доби наградата за најдобар селектор за 2017 година.

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров доби награда за посебни заслуги.

„Искрено сум среќен што добивам вакво признание во мојата држава. Ова ќе биде само додатен мотив и обврска за она што следува - Европското првенство во јануари во Хрватска. Се надевам дека Македонија ќе продолжи да инвестира од спортот. Најголемиот промотер на секоја држава е спортот, а ние имаме добро минато, треба да имаме и добра иднина. Само преку спортот може да ја промовираме нашата држава. Имам некои остварени желби од мојата кариера, ќе се обидеме со моите колеги, нашиот претседател, нашиот тренер да оствариме нови радости за сите", изјави Лазаров.

Најуспешни млади спортисти за 2017 година се: Петар Заборски (карате-мажи) и Симона Симовска (карате-жени). Признанија во училишниот спорт добија: ОУ„Страшо Пинџур" - Кавадарци (основни училишта) и СОУ „Никола Карев" - Струмица (средни училишта). Награда имаше и за женската карате екипа борби при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј".

 

 

 

ФОТО: Филип Вирановски
www.gol.mk

Share