hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант славеше во Тулуз, Лазаров со пет гола од пет обиди

 

nant - tuluz kire 2

Тулуз – Нант 28:34 (15:16)

Во последниот есенски натпревар од францускиот шампионат, Нант заблежа значајна победа на гостински терен против Тулуз со 28:34 (15:16) и го продолжи позитивниот тренд по одличниот ноември и почетокот на декември.

Домаќините одлично започнаа и преку Арнау и Немања Илиќ први поведоа. Но, гостите од Нант возвратија преку Турно и Гурбиндо и во 20. минута поведоа со 8:11. Следеа три гола на Лазаров за 10:14 во финишот на првиот дел. Сепак, Шелми Илиќ го завршија првиот дел со голови за 15:16 и најава за драматичен втор дел.

antii

Нант преку Гурбиндо и Турно и на почетокот од вториот дел се наметна и поведе со 18:21. Следеше гол од контра на Белегер и на половина од вториот дел Нант поведе со три разлика. Полека растеше предноста за гостите кои на влезот во последните десет минути имаа високи +5. Така без драма Нант извојува победа од 28:34 на теренот на незгодниот Тулуз.

Најефикасни поединци во тимот на Тулуз беа Илиќ со шест и Арнау со четири гола, а кај Нант се истакнаа Турно со осум, Гурбиндо со шест и Лазаров, кој постигна пет гола од исто толку обиди. Следи зимска пауза заради Европското првенство, а пролетниот дел почнува во февруари 2018 година.

Share