hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Раул го скрати списокот на 21 ракометар пред ЕП во Хрватска

norveska

Селекторот на Машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го скрати списокот на 21 ракометар за првиот собир од подгоовкит за ЕП во Хрватска, што ќе се одржи на 25 декември 2017 со почеток од 16:30 часот во хотелот „Александар Палас" во Скопје.

Список на повикани ракометари:
Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Аце Јоновски, Велко Маркоски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Горан Крстевски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски.

Воведните подготовки ќе започнат на 18 декември со почеток од 18.00 часот во СЦ „Јане Сандански". Во воведните подготовки кои ќе траат до официјалниот старт на подготовките, ќе се работи на индивидуален план со помал број на играчи и персонализирани тренинзи за секој од повиканите играчи, изготвени од стручниот штаб на репрезентацијата, а спроведени од асистентите на селекторот, Роберто Парондо, Александар Царчев и Кристијан Кајчевски. На располагање ќе биде и комплетниот физиотерапевтски тим на репрезентацијата, со цел играчите максимално подготвени да го дочекаат првиот собир.

Share