hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Селекторот Гонзалез објави поширок список за ЕП во Хрватска

repreze

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави поширокиот список од 28 ракометари за Европското Првенство што во периодот од 12 до 28 јануари ќе се игра во Хрватска.

Поширок список за ЕП во Хрватска:

Голмани:
Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски

Бекови:
Кирил Лазаров (капитен), Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов,

Крила:
Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски

Кружни напаѓачи:
Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски

Сениорската репрезентација на Македонија на ЕП во Хрватска се наоѓа во група со Германија, Словенија и Црна Гора, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги игра во Загреб. Според распоредот, Македонија во првото коло на 13 јануари се среќава со Словенија, на 15 јануари противник на нашиот состав ќе биде Црна Гора, додека групната фаза ја затвораме со меч против Германија на 17 јануари.

Share