evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Голема победа за Нант против Барса, Лазаров слави триумф над поранешниот клуб

24174397 1595800927133711 6479851882945308689 n

Нант – Барселона 29:25 (16:11)

Нант ја порази големата Барселона со 29:25 (16:11) во дербито на 10. коло на Лигата на шампионите, играно вечерва во Франција во величенствен амбиент. Францускиот претставник сега е стабилно втор во А групата веднаш зад европскиот првак Вардар.

Мечот започна со наизменични одбрани и дури седум гола во првите 5-6 минути. Полека се разиграа сите ракометари од стартниот тим на францускиот претставник и Фаливери и Буриќ донесоа 8:4 во 11. минута.

Одговорот на Барса беа двата гола на Жалуз за 9:8 на половина од првиот дел. Се разбранија Думулен и Гонзало и многу потешко беше да се постигне гол. Ривера од пенал во 18. минута ја истопи предноста на Нант и Анти побара минута одмор при 9:9. Следеше нов бран на Нант и носени од одбраните на Думулин, Лагард и Матулиќ зголемија на 14:10.

Максималните шест разлика ги донесе Омоне со третиот и четвртиот гол од позиција на лево крило. Нант еуфорично го доби првиот дел со 16:11, откако цели 12 минути гостите не постигнаа гол во втората половина од првиот дел.

Димулан и Гонзало чудесно го почнаа вториот дел, а Буриќ во 35. минута погоди за највисоки +7. Раул Ентрериос врза два гола во серија, но Думулин со шест одбрани за десетина минути беше нерешлива енигма за Каталонците. Палмарсон и Мем врзаа три гола по ред за Барса и стручниот штаб на Нант побара минута одмор при 24:20. Лазаров заврши одлична акција со човек помалку за +5 во 49. минута.

Дојде моментот на гостите и Ривера од седмерец, но Палмарсон двапати не реализира и тоа како да беше добредојдено за Французите. Рискантната игра седум на шест на Пасквал не му помогна и Нант водството од целиот натпревар го преточи во победа од 29:25.

Во тимот на Нант блескаше голманот Думулин со 20 одбрани, пет гола постигна Балегер по четири гола постигнаа Лагард и Емене. Нашиот Кирил Лазаров постигна еден гол. Мем со пет и Ривера со четири гола беа најефикасни кај поразената Барса.