evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Три гола на Лазаров, Нант го затвори одличниот ноември со нова победа

нант - ним лазаров

Нант – Ним 33:24 (18:10)

Ракометарите на Нант ја продолжија позитивната серија овој месец и во 11. коло на францускиот шампионат извојуваа победа над Ним со 33:24 (18:10). Нашиот Кирил Лазаров постигна три гола и максимално ја искористи понудената минутажа.

Домаќините одлично го почнаа натпреварот и преку крилата Клајн и Белегер брзо се одлепија на +3. Не помина ни половина полувреме, а Нант поведе со 10:5. Се разигра Турне, еден гол постигна Лазаров, а Клајн го заврши одличното прво полувреме, кое Нант го доби со 18:10.

На почетокот од вториот дел Фалувеги и Клер постигнаа неколку гола во серија и на средина од вториот дел, Нант поведе со 29:20. Лазаров го постигна својот втор гол за 31:23 на седум минути до крајот. Без драматика екипата на тренерот Анти го приведе мечот кон крај и славеше со 33:24.

Најефикасни поединци во тимот на Нант беа Турне, Клајн, Белегер и Фалувеги со по четири гола, а кај Ним се истакнаа Џорџ и Џерард со по четири гола. За време на викендот, екипата на Кирил Лазаров в сабота од 20.45 часот ја пречекува Барселона, што е втор дуел на нашиот репрезентативен капитен против поранешниот клуб.