evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Нант со победа се враќа од гостувањето кај Трембле, Лазаров пак одличен

DPBWJ03W4AA5BmD 002

Трембле – Нант 33:45 (16:23)

Ракометарите на Нант ја продолжија серијата на победи, откако во домашниот шампионат со полн плен се вратија од Париз, каде што го совладаа Трембле со 33:44 (16:23). Екипата на Кирил Лазаров ја поправа својата состојба во француската лига и се подготвува за европскиот предизвик в сабота против Висла Плок.

Гостите подобро го почнаа мечот и со трите гола на Турне, поведоа со 5:9 по првите десетина минути игра. Со добра игра во одбрана и голови на Белегер и Клајн, во 22 минута, францускиот претставник во Лигата на шампионите поведе со 11:15. Со одличен финиш на првиот дел Турне и Белегер предноста ја донесоа до +6, па на полувреме се замина со 16:23 чувствителни за Нант.

Лазаров влезе во игра во вториот дел, веднаш постигна два гола и предноста на екипата на Тјери Анти порасна до 22:30 во 40 минута. Каџи Сиакам беше единствениот ракометар на Трембле кој парираше, но тоа беше премалку за подвиг. До крајот Нант со серија на голови на Лазаров лесно го приведе мечот до победа од 33:45.

Најефикасни поединци во таборот на Нант беа Белегер со 8 и Турне со 7 гола, а нашиот Лазаров постигна 6 гола. Кај домашниот Трембле најефикасни беше Шеваљевиќ со 6 постигнати гола.