hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант долго водеше, но минимално загуби на гостувањето во Иври

lazarov so ivri

Иври – Нант 30:29 (14:15)

Мечот започна израмнето и двете екипи се менуваа во водството. Кирил Лазаров веднаш постигна два гола и во 12 минута, Нант поведе со +2. Белегер погоди од контра напад за три разлика на половина од првиот дел. Сепак, Иври реагираше и до одморот намали после головите на Матје и Цезар, па по 30 минути, Нант имаше само гол предност (15:16).

Вториот дел мина во знакот на Буриќ и Гурбиндо, кои постигнаа голови за 19:21 во 40 минута. Упорноста на домаќините се исплатеше и Фурлан и Лео Мартинез погодија за водство од 24:23 во 46 минута.

Од тој момент домашната екипа носена од домашните фанови се осоколи, ја зголемуваше предноста до финален триумф од 30:29. Најзаслужни за победата на Иври беа Цезар Кастро со 6 гола и Лео Мартинез со 5 погодоци. За Нант, Кирил Лазаров запиша 2 гола од 6 обиди, а најефикасен беше Буриќ со 5 гола. ПИК Сегед в недела е следниот предизвик на Нант во Лигата на шампионите в недела попладне.

Share