hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров се врати по повредата, Нант загуби од Шамбери

23031353 1568615563185581 2134408126625863610 n

Нант - Шамбери 28:32 (15:15)

Францускиот победник на Купот и Суперкупот, екипата на Нант, каде што настапува капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров неочекувано загуби од Шамбери пред своите гледачи со 28:32 (15:15) во рамките на 7. коло на францускиот шампионат.

Отпорот на домашната екипа, Шамбери го скрши во вториот дел и успеа да побегне до финална победа. Нант играше добро само на моменти и единствена позитивна вест е враќањето на Лазаров по повредата.

Кире Лазаров доби само неколку минути после повредата и упати само еден удар кон противничкиот гол. Белегер со 6 гола беше најефикасен во таборот на Нант, а Траоре се истакна во тимот на Шамбери.

Лидерот ПСЖ го совлада Данкерк со 32:29 (16-13) и се зацврсти на првото место на табелата со максимални седум победи.

В недела екипата на Нант му гостува на полскиот тим Висла Плок во продолжението од Лигата на шампионите.

Share