Ждрепката за четвртфиналето на францускиот Лига Куп донесе финале пред финалето уште во декември оваа година. Имено, Кирил Лазаров и Нант ќе се соочат со ПСЖ, откако во осминафиналето го елиминираа Сант Рафаел.
Натпреварот е предвиден за 13 или 14 декември, една недела по првенствениот дуел на двете екипии исто така во Нант.
Во останатите парови од четвртфиналето ќе се сретнат: Тулуз - Монпеље, Данкерк - Селестат и Истрес - Аикс.
Нант ја брани титулата од Лига Купот, откако минатата сезона го елиминира ПСЖ и во финалето славеше против Монпелје.