evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Нант го надигра Сант Рафаел и обезбеди четвртфинале на Лига Купот

nant liga kup

Нант - Сант Рафаел 33:28

Ракометарите на Нант забележаа нова победа на домашната сцена, откако со победа го започнаа францускиот Лига Куп. Во мечот од осминафиналето, екипата на Кирил Лазаров го победи незгодниот Сант Рафаел со пет гола разлика, што е втора победа над истиот ривал оваа сезона, откако и во шампионатот Нант извојува победа.

Матулиќ со 6 и Гурбиндо со 5 гола беа најефикасни поединци во победничкиот тим, а Сирил Думулин собра 6 интервенции. Во поразениот табор се истакнаа Шимицу со 7 и Попеску на голот со 13 интервенции.

Останатите натпревари се играат вечерва и утре, а ги извојуваме дуелите: Аикс - Сесон и Дижон - Монпелје. Следи пауза во шампионатот на Франција и Лигата на шампионите, заради ЕХФ неделата и репрезентативните активности.