hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант со одлично второ полувреме го победи Аикс и се врати на победите

nant pobeda 1

Нант - Аикс 29:24 (13:13)

Ракометарите на Нант ја прекинаа серијата од два порази по ред и го совладаа Аикс со 29:24 (13:13) во натпревар од 6 коло на францускиот шампионат. Нашиот репрезентативен капитен, Кирил Лазаров не настапи поради повреда.

По израмнетиот прв дел, ракометарите на Нант направија серија од 5:0 и поведоа со 18:13. До крајот, ракометарите одиграа рутински и славеа победа со 29:24.

Роман, Николас и Гурбиндо со по 6 гола беа најефикасни во тимот на Нант, а во поразениот тим на Аикс најефикасен беше Мохамед со 4 гола. Во наредното коло Нант го пречекува Шамбери, екипа која утре го затвора колото против ПСЖ. Следи пауза заради ЕХФ неделата и официјалните натпревари продолжуваат на почетокот од месец ноември.

Share