hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант и без Лазаров го победи првакот на Шведска

nant klajn

Нант - Кристијанштад 34:25 (19:11)

Ракометарите на Нант рутински го совладаа составот на Кристијанштад од Шведска со 34:25 (19:11) во натпревар од 5. коло на Лигата на шампионите. Со оваа победа свртена е нова страница по поразите од Барселона и Данкерк минатата недела. Кирил Лазаров не настапи заради повреда, но екипата на Тјери Анти одигра авторитетно и лесно го победи тимот кој ја намачи Барса во второто коло.

Францускиот тим од самиот почеток наметна агресивна одбрана, постигна десетина лесни голови до одморот и стигна до високи +8. Блескаше Николас Турне, кој во првиот дел даде шест гола од исто толку обиди и најави своја вечер. Шоуто на домаќините продолжи и во вториот дел, кога и со ротација Нант лесно дојде до финални +9.

Најефикасни поединци во победничкиот тим беа Турне со 10, Белегер со 10 и Фалувеги со 4 гола. Кај поразениот тим од Шведска, Тим Соренсен постигна 6, а Виктор Хален беше автор на 5 гола,

Нант по пет кола има две победи, едно реми и два порази и со половичен учинок ја почна својата европска приказна. Следниот натпревар екипата на Нант во Лигата на шампионите го игра во Полска против Висла Плок на 5 ноември.

Share