hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров и Думулин донесоа голем бод за Нант против германскиот првак

9894BA33E109CCF62B3B45E61F26F26D6C67832B04F1E1750Bpimgpsh fullsize distr

Нант – Рајн Некар Левен 26:26 (15:16)

Ракометарите на Нант го запишаа првото реми во новата сезона на Лигата на шампионите, откако се спасија од пораз од првакот на Германија, Рајн Некар Левен. Думулин му го одбрани седмерецот на Шмит на осум секунди до крајот и го спаси тимот на Тјери Анти од втор пораз по ред, по оној во саботата во Скопје.

Најдобар поединец во тимот на Нант беше нашиот Кирил Лазаров, кој постигна шест гола од исто толку обиди и го одржа својот тим до крајот на средбата во живот. Дуелот започна подобро за германсккиот првак, во чии редови настапи Филип Талески. Водени од Шмит и Гвардиола, ракометарите на Рајн Некар Левен поведоа со +3. Сепак, до одморот Лазаров со серија на проектили намали на 15:16.

Вториот дел беше многу поцврст, двете екипи имаа сериозни потешкотии да развијат течна игра, често се грешеше и предноста на Рајн Некар Левен често се движеше меѓу еден до два гола. Во финишот Германците прокоцкаа два гола разлика, а Лазаров со два гола го врати својот тим до 26:26. Подоцна „жолтите" изнудија седмерец, но Думулин го прочита Шмит и остана реми на семафорот.

Кај францускиот тим токму Лазаров со 6 гола беше прв стрелец, а Лагарде постигна уште . Кај Рајн Некар Левен трагичарот Шмид беше прв стрелец со 7 постигнати гола. Младиот Талески не успеа да се запише во листата на стрелците.

Share