hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант поразен на теренот на европскиот првак

кире со вардар

Вардар - Нант 27:23 (14:10)

Европскиот првак Вардар пред својата публика во ЦС „Јане Сандански" го победи францускиот Нант со 27:23 (14:10) во дуелот од второто коло на Лигата на шампионите. Мечот започна рамноправноц и до 23 минута резултатот беше израмнет (8:8). Но, веднаш потоа следеше серија на „црвено-црните" од 5:1 за највисоки +5 во 29 минута, а на полувремето вардарци заминаа со 4 гола предност (14:10).

И во второто полувреме се играше рамноправно и како резултат на таквата игра предноста на вардарци се движеше меѓу два и четири гола. Нант уште еднаш се врати во игра и внесе неизвесност на осум минути пред крај кога Гурбиндо намали на 24-23. Притисокот на францускиот тим продолжи и во завршните минути од дуелот. Проектилот на Вуко Борозан за 26-23 на една минута пред крај стави точка на наизвесноста. Нант не го искористи следниот напад, а Дибиров стави точка на натпреварот поставувајќи ги конечните 27-23.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Роџерио Фереира Мораеш со 6 гола, додека Даинас Кристопанс постигна еден помалку. Иван Чупиќ и Тимур Дибиров придодадоа по 4 гола, а Арпад Штербик имаше 12 успешни одбрани. Во францускиот тим капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров не доби многу простор да ги покаже своите квалитети против вардарци.

ФОТО: Филип Вирановски
www.gol.mk

Share