hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лошо прво полувреме, но важна победа на Нант против Сесон Рен

lazarov vo dres na nant

Нант – Сесон Рен 38:30 (13:14)

Во дерби натпреварот од второто коло на францускиот шампионат, Нант на Кирил Лазаров го победи Сесон Рен со 37:30 (13:14) и со победа ќе пристигне во нашата земја овој викенд.

Мечот започна многу израмнето и до 5:5 се играше гол за гол. Вилемино и Делакруа нанижаа три неодговорени гола за Сесон Рен и тренерот на Нант, Тјери Анти побара тајм-аут при 6:9. Се разигра целиот стартен тим на гостите и Керими и Хокет зголемија на +4 во 20. минута. Лазаров постигна два гола во раната фаза од натпреварот. Со добар финиш на првиот дел на Гурбиндо, Буриќ и Клајн, домаќините ублажија и на одмор заминаа со 13:14.

Во вториот дел се играше многу поинаков дуел. Цврстата одбрана на Нант ги сопираше гостите, а Матулиќ и Турне ја полнеа мрежата на Сесон Рен. На средина од второто полувреме предноста на Нант порасна до 24:20. Потоа беше многу полесно и победникот на „Трофејот на шампионите", лесно го приведе мечот кон крај до победа од 38:30.

Кирил Лазаров натпреварот го заврши со 3 гола, а најефикасни поединци во победничката екипа беа Ниокас со 6 и Турне со 5 гола. Кај Сесон Рен, Болер постигна 6 гола, а Керими беше автор на 4 гола. В сабота во Скопје, екипата на Лазаров му гостува на европскиот првак Вардар.

 

Share