hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант и Лазаров подобри од ПИК Сегед за успешен старт во ЛШ

21557841 1529624977084640 7354082684426052357 n

Нант - ПИК Сегед 30:26 (18:15)

Како и во шампионатот на Франција, така и во Лигата на шампионите, Кирил Лазаров и неговиот Нант стартуваа со победа.
Нант на домашен терен славеше против ПИК Сегед со 30:26, во меч во кој водеше од самиот почеток, па до крајот.

Кире Лазаров постигна два гола од три обиди, а имаше и неколку асистенции до соиграчите. Лазаров полека се вклопува во својата нова средина и од натпревари во натпревар игра се подобри. Нант доби веќе четири официјални натпревари, а вистински тест ќе биде следниот дуел со европскиот првак Вардар во Скопје, следната сабота.

Најпрецизен во таборот на францускиот тим беше Доминик Клејн со 6 постигнати гола. Во оваа група, Рајн Некар Левен и Барселона играа без победник, 31:31, а Вардар славеше во Полска против Висла Плок. Вчера без победник заврши и дуелот на Кристијанштад и ППД Загреб (28:28).

Share