evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

Нант го почна шампионатот со победа, Лазаров постигна пет гола

lazarov za nant

Маси - Нант 22:28 (8:12)

Кирил Лазаров со победа дебитираше во дресот на Нант во француското првенство, откако само десет дена по победата на „Трофеј на шампионите", неговиот нов клуб славеше на гостувањето кај Маси со 22:28 (8:12).

Во текот на целиот натпревар екипата на Нант имаше предност и во ниту еден момент не го доведе триумфот во прашање. Предноста брзо стигна 4-5 гола и одтогаш гостите имаа целосна контрола на натпреварот и лесно прокнижија значајни бодови. Лазаров постигна пет гола (најмногу во тимот на Нант) и максимално го искористи просторот и времето кое му даде тренерот Тјери Анти.

Најефикасни поединци во тимот на Нант беа Белегер со 5 и Клер и Фалувеги со по 4 гола, а кај Маси се истакна Жереми Пирани со 5 гола. Арно Сифер на голот на Нант доби шанса место Думулин и натпреварот го заврши со 14 интервенции.

В недела од 19.30 часот Нант дебитира во Лигата на шампионите против унгарски ПИК Сегед.