hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант и Кирил Лазаров го освоија „Трофејот на шампионите“

21316190 1516984435015361 1568057141563313424 o

Нант - ПСЖ 32:26 (18:16)

Нант е освојувач на „Трофејот на шампионите", што е еден вид на Суперкуп на Франција и дуел на четирите најуспешни екипи во францускиот ракомет од минатата сезона. Во Руен во финалето Нант го победи ПСЖ со 32:26 (18:16) во меч во кој Лазаров и другарите водеа од првата до последната минута.

По изедначените први седум минути игра Нант со серија од 4-0 на средината на првиот дел, дојде до 10:6, разлика која ја зачува до самиот финиш на првиот дел. „Светците" намалија и благодарение на головите на крилата дојде до подносливи 18:16.

Немоќнo делуваа избраниците на Сердарушиќ и во вториот дел, па предноста од 4-5 гола Нант лесни ја одржуваше до 50 минута.Истата таа разлика се задржа до самиот крај за финални 32:26.

Лазаров на дуелот против ПСЖ постигна 4 гола, а најдобар стрелец кај Нант беше Гурбиндо кој беше перфектен и даде 6 гола. Кај ПСЖ, Ремили даде 7 гола, а го следеше Генсхајмер со 5 гола.

Share