hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров ги почна подготовките со Нант

NANT NOVAJLII

Македонскиот репрезентативен капитен Кирил Лазаров официјално денес се појави на првата прозивка на екипата на Нант, неговиот нов клуб. По Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Барселона во Шпанија, македонскиот „бомбардер" се реши за нов предизвик, прифаќајќи преселба во силната француска лига.

Лазаров ќе биде главниот адут на Нант во обидот да го достигне ПСЖ во елитното француско ракометно друштво.

Нант во следните шест седмици ги очекуваат пеколни подготовки и квалитетни контролни средби. Новиот клуб на Лазаров е дел и од групата Б од Лигата на шампионите, каде ќе се сретне со Вардар, Рајн Некар Левен, Барселона, Загреб, Висла Плок, Пик Сегед и Кристијанштад.

Нашиот интернационалец во Лигата на шампионите ќе дебитира на 15 септември, кога Нант на домашен терен ќе го пречека тимот на ПИК Сегед.

Share