hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров пред подготовките во Нант: Едвај чекам да заиграм за мојот нов клуб

kire pozira

Воочи почетокот на подготовките за новата сезона в понеделник, францускиот ракометен клуб Нант за првпат објави фотографија од нашиот Кире Лазаров во клупските обележја. Уште во април минатата година Лазаров потпиша двегодишен договор со Нант и веста за неговото пристигнување во лигата на светските прваци, одекна како „бомба" во ракометните кулоари.

Денес Нант потврди дека Лазаров го подигна нивото на ракометниот интерес во Нант, па веќе е распродадена арената за мечевите од Лигата на шампионите.

„Кога го бирав мојот нов клуб, бирав тоа да биде клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите. Сметам дека клубот ќе расте од година во година. Едвај чекам да започнам со работа и да настапам за Нант во француското првенство и во Лигата на шампионите", вели Лазаров за клупката веб страница.

Лазаров во Нант ќе соработува со Алберто Ентрериос, кој е помошник тренер и со поранешните клупски другари од Барселона, Гурбиндо и Беленгер.

Share