hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Бум во продажбата на сезонски билети на Нант по доаѓањето на Лазаров

nant sezonski

Новиот клуб на Кирил Лазаров, француски Нант, со големи амбиции ги започна подготовките за новата сезона, а тоа на еден начин го почувстуваа и фановите на клубот, кои веќе ги купија сезонските билети за натпреварите кои следат во идната сезона.

Досега се продадени над 30% од сезонските билети за новата сезона, што е 35% повеќе во однос на минатата сезона до овој момент. Со ваквиот одзив на побарувачка на сезонски билет се претпоставува дека Нант во идната сезона ќе игра под полни трибини, што не бил таков случајот во претходните неколку сезони.

Нант е една од екипите која доби „вајлд-карта" за настап во ракометната Лига на шампиони, но тренерот Тјери Анти најави дека првична цел на тимот за идната сезона е освојувањето на домашното првенство, во кое повеќе години доминира ПСЖ.

Share