hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Тјери Анти е тренер на сезоната во францускиот шампионат

anti nant

Предводникот на францускиот победник на Купот, Нант, Тјери Анти е прогласен за најдобар тренер за сезоната 2016/17 во францускиот шампионат. Предводникот на новата екипа на македонскиот репрезентативен капитен, Кире Лазаров, Анти освои дури 52% од гласовите, кои му дадоа доверба по одличната сезона, осминафиналето на Лигата на шампионите и првиот освоен Куп на Франција во историјата на Нант.

„Ова признание е за цел мој тим и мислам дека започна од минатата сезона кога почнавме со изградба на тимот. Горд сум на постигнатото и верувам дека ќе продолжиме во ист стил и оваа сезона", смета Анти.

Во изборот тренерот на Нант ги победи Звонимир Сердарушиќ, Канаје од Монпелје и поранешниот македонски селектор Ивица Обрван.

Share