hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Капитенот отвора нов проект со ракометни школи низ Македонија

kire kamp ohrid skoli

Кирил Лазаров и агенцијата КМГ Спорт го обелоденија почетокот со работа на седум ракометни школи низ целата земја. Овие школи ќе започнат со работа од септември, а ќе бидат отворени во Валандово, Струга, Охрид, Свети Николе, Скопје, Богданци и Стојаково.

 „Овој камп дефинитивно ги надмина минатите два кампа. Кога започнавме размислувавме за идејата за школи, која почнува од септември. Почнавме иницијатива во септември оваа година да почнеме со работа со седум школи низ цела држава. Се надеваме дека оваа бројка ќе се зголемува, иако бројката не ни е најважна, важен ни е квалитетот. Верувам дека ќе дојдат многу членови, бидејќи целта ни и да изградиме личности", истакна Горан Ѓоргоноски во името на организаторот, агенцијата КМГ спорт.

Најдобриот десен бек во светот го објасни новиот проект и најави револуција во македонскиот ракомет.

„Одговорноста е голема како и за кампот. Ќе бидеме стрпливи, нема премногу да ветуваме, но напорно ќе работиме со добар стручен кадар, бидејќи тоа е најнеопходно. Моето искуство кажува дека меѓу 10-20 години на овие момчиња и девојчиња им е потребна стручна работа. Според некоја моја анализа тоа е она што им недостига и сакаме да им овозможиме квалитетна работа 365 дена во годината. Ќе се обидеме да бидеме претпознатливи во нашата работа. Сега ќе започнеме само со запишување, а наскоро под капата на РФМ ќе изградиме кадетски и младински селекции. Многу е лесно ова да се каже, но потешко е да се оствари. Спремни сме да се надградуваме, но не сакаме со никого да се споредуваме. Исто така подготвени сме за соработка со сите други слични школи од нашата земја. Местата за запишување во школите ќе бидат ограничени", смета Лазаров.

Нема дилема дека како и кампот, и школите кои ќе ги отвори капитенот на репрезентацијата под негови закрила, ќе имаат голем одзив и успех.

 

 

ФОТО: Филип Вирановски  Гол.мк

Share