hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Ова е најуспешниот наш камп во историјата

kire kamp ohrid

Ракометниот камп „Кирил Лазаров 7" денес одржа прес-конференција на која го сублимираше сработеното во претходните две недели.

„Еве трета година по ред го организираме овој камп и како што планиравме ги надминавме нашите очекување. Оваа година сме најзадоволни и сакам оваа прилика да ја искористам да им се заблагодарам на организациониот и стручниот тим на кампот. Оваа година по бројност сме најдобри, имаме две смени и ме радува што подигнат е бројот на девојчиња, а имаме и учесници од странство. Сепак, приоритет им даваме на македонските таленти и верувам дека кампот оди во нагорна линија и ние ќе придонесеме за развој на оваа ракометна нација. Се препознавам во некои деца кои се тука. Во мое време немаше вакви кампови, школи, па можам да потврдам дека сите на располагање имаат тоа што им треба и тоа што ние го немавме во нашето време", смета Лазаров.

Кампот официјално завршува на 2 јули, а веднаш потоа ќе започне организацијата за четвртото издание кое ќе се реализира следното лето.

 

 

 

ФОТО: Филип Вирановски  Гол.мк

Share