hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Поминаа првите седум дена ракомет и дружење со капитенот Лазаров

19366095 1883452475253703 1541861456672422779 n

Поминува седмиот ден на кампот на капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров. Ден кој за едни значи крај на седум дена ракомет и дружење со најдобриот македонски спортист, а за другите, оние кои денес пристигнаа значи почеток на едно прекрасно патување исполнето со многу ракомет, другарување, едукација, славење родендени, прошетки итн..

Халкбанк роденден 3

Поминаа седум дена со врвни тренери и гости, кои на поканата на Кирил Лазаров да бидат дел од неговиот камп одговорија со огромна желба за работа и врвна професионалност.

19390962 1884092948522989 635938943866383806 o
Младен Ракчевиќ, Данило Брестовац, Оливера Кецман, Филип Миркуловски, Владимир Глигоров, Борче Марковски, Горан Кузмановски, Гоце Георгиевски и останатите гости покажаа зошто се тоа што се во моментов и без штедење пренесоа дел од своето искуство и знаење.

19402222 1883585401907077 5348587835638960839 o

Професорите Ванчо Поп Петревски и Ленче Алексовска имаа предавања за сите возрасни групи на кампот во делот на правилна и здрава исхрана и психолошка подготовка за врвни спортисти. И двајцата воодушевија со стручноста, но и со начинот на кој своето знаење го пренесоа на нашите учесници.

Share