Европската куќа на ракометот (ЕХФ) направи избор на идеален тим и најдобри одбрани во квалификациите за ЕП. Во идеалниот тим од последните две кола, се најдоа двајца македонски репрезентативци, Кире Лазаров и Борко Ристовски.
Десниот бек даде 11 голови против Чешка, а голманот Ристовски имаше одлична партија меѓу стативите и заслужено се најдоа во идеалниот тим, каде друштво им прават Сигурдсон, Бабак, Бјорнсен, Борозан и Мирхол.
Македонија денес ќе ги дознае противниците за Европското првенство во Хрватска во јануари следната година.