hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Официјално отворен третиот по ред ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

19399554 1881924505406500 9043607143557127348 n

Попладнево во хотелот „Аквалина" во Охрид со поздравен говор на капитенот на ракометната репрезентција на Македонија Кирил Лазаров и официјално беше отворен третиот по ред Ракометен камп „Кирил Лазаров 7".

 „Ви благодарам што се одлучивте да бидете дел од нашиот камп, со некои од вас се знаеме и се тука по втор или третпат. Тоа покажува дека нашиот тим на овој камп изминативе години работел квалитетно и ја имаме вашата доверба. Им благодарам на сите тренери кои покрај тоа што се стручни, се и прекрасни луѓе и кои безусловно ја прифатија мојата покана. Ќе работиме многу, тренираме, забавуваме и ќе се обидеме да ви дадеме правилна насока. Сигурен сум дека по поминати седум прекрасни дена задоволни ќе си заминете од Охрид", рече Кирил Лазаров, идеен творец на кампот.

Покрај тоа што ги поздрави присутните учесници од првата смена која од 20 -26 Јуни ќе се одржи на самиот брег на Охридско езеро, Лазаров го претстави тимот од тренери кои ќе работат со 150 учесници од оваа смена. Данило Брестовац, Владимир Гигоров, Бранко Ангеловски, Борче Марковски, Младен Ракчевиќ, Горан Кузмановски, Оливера Кецман, Ице Соколески, Наум Јамандиев, Лилјана Новоселска Трпчевска и Дејан Коцарески го составуваат дел од тимот кој ќе работи со децата.

Исто така, организаторот на овој камп најави дека за време на кампот ќе се организираат повеќе предавања во делот на здрава исхрана како предуслов за заштита од повреди, активности во кои учесниците ќе имаат можност да го покажат својот талент во пеење и сликања.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share