hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија ја декласира Чешка и по петти пат ќе игра на Европско првенство

kire so ceska 2

Македонија - Чешка 33:20 (16:10)

Македонската ракометна репрезентација избори пласман на Европското првенство во Хрватска и по петти пат ќе игра на завршен турнир на Европско првентво. Во решавачкиот натпревар Македонија ја декласира Чешка со 33:20 (16:10) и квалификациите ги заврши како првопласирана во групата. Македонските ракометари целосно ја надиграа чештата селекција. Избраниците на селекторот Раул Гонзалез поведоа со 3:1 по пет минути, потоа 7:4 и 10:7, а во финишот на првиот дел ја достигнаа максималната предност за овој период од играта 16:10.

Само што почна вториот дел, Кашпарек доби казна, а Стоилов постигна прекрасен гол за 17:10. Грешките во чешкиот напад продолжија и понатаму, па Манасков донесе плус 8, во 34 минута, 18:10. Ристовски продолжи да ги брани ударите на гостите, а нашите репрезентативци го полнеа голот на Галија. До крајот немаше никакви дилеми околу победникот на дуелот, па публиката можеше само да ужива во мајсториите на македонските репрезентативци, а една таква направија Георгиевски и Филип Лазаров со цепелин ја погодија мрежата на Галија.

Во финишот и Никола Митревски се запиша во листата на стрелците со ударот од гол на гол. Конечниот резултат беше 33:20. До крајот на мечот ракометната рапсодија беше зачинета со неколку атрактивни „цепелини", одбрани на голманот Ристевски и неверојатната атмосфера во арената „Борис Трајковски".

Лазаров беше најефикасен со 11 голови, шест постигна Манасков, а голманот Ристовски заврши со 15 успешни интервенции.

 

ФОТО:www.ekipa.mk
 
Share