hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија ремизира во Украина, одлуката за Хрватска в недела со Чешка

kire wj2

Украина – Македонија 27:27 (12:16)

Македонската ракометна репрезентација во вистинска драма во Суми.Македонија прокоцка победа и одигра 27:27 против Украина и прокоцка шанса да се квалификува на Европското првенство во Хрватска. Сепак, со победа в недела против Чешка во Скопје ќе обезбеди петто Европско првенство во својата историја.

Натпреварот во далечниот Суми подобро го отворија Украинците и поведоа со 2:0 со два гола по комбинации. Лазаров, кој во Скопје им даде 12 гола на Украинците, реализираше во 4 минута за 2:1. Брзо фативме приклучок и Миркуловски и Манасков погодија за 3:3. Кога во следниот напад Влатко Митков погоди, Македонија првпат поведе (3:4).

Следеше серија на голови од двете страни до првиот тајм-аут на Андронов при 6:7 во 14 минута. Нашата одбрана немаше решение за Садови, кој единствен пробиваше и ја годеше нашата мрежа. Следеа голови на Шевелев и на Жуков и Раул побара тајм-аут при 12:10.

Лазаров со четвртиот и петтиот гол и Даскалоски со првата интервенција го вратија нашиот тим во егал позиција (11:11). Со серија 6:0 и голови на Манасков и Миркулоски во финишот на првиот дел, Македонија поведе со 12:16 во 25. минута. Така со позитивна инерција Македонија на одмор замина со водство од 14:18.

Момците на Раул одлично го почнаа и вториот дел и Миркуловски и Стоилов ги одржуваа тие +4 во првите 5-6 минути. Украинците со агресивна зона направија серија 3:1 и Раул побара тајм-аут. Чуприна со серија на одбрани ги врати Украинците во мечот, но Лазаров со два гола го врати спокојот (21:24).

Следеше бран на напади на Украинците и со два лесни гола на Жуков, домашната селекција намали на 24:25 во 49 минута. Младиот Талески ја презеде одговорноста и погоди за 25:27 на пет минути до крајот. Борко го сочува нашиот гол, но ударот на Поповски го одбрани Чуприна и Украина доби шанса за напад за реми. Денисот на ефектен начин израмни на неколку секунди до крајот. Ни остана последен напад во кој Жуков беше исклучен, но ударот на Манасков го одбрани Чуприна и Украина откина бод (27:27).

Во таборот на Украина најефикасен беше Судови со 7 гола, а кај Македонија пак блесна Кирил Лазаров и нанижа 8 гола. Јунак на средбата беше Чуприна со 15 одбрани. В недела од 20:45 часот Македонија ја пречекува Чешка во мечот од последното шесто коло од квалификациите.

 

 

Share