hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Барса беше и ќе остане клубот на моето срце

kiro za MD

Четиригодишата бајка во дресот на Барса, нашиот Кирил Лазаров ја заврши во неделата со освојувањето на Купот на Кралот и подигнувањето на пехарот во Леон. Зад себе Лазаров остави бројки кои се пример за секого. Од 1.178 гола во Лигата на шампионите (најмногу во историјата), 378 постигна за Барса, со која трипати играше на Ф4 и еднаш стана европски првак.

„Тајната за постигнување гол? Не ја знам ниту јас, ние сме сепак екипа. Му даваме многу важност на стрелците, но ние имаме и дефанзивци, голмани, имаме одбрана. Ми се допаѓа постигнувањето голови, но исто така асистирам, иако Виктор секогаш се шегува и ми вели дека десното око ми е затворено и затоа не му додавам. Но, тоа не е точно. Виктор е најмал, кружните напаѓачи се поголеми и затоа ги забележувам и им додавам", вели Лазаров.

Нашата гол-машина најдобро ја опиша капитенот на Барса, Виктор Томас, еден од најдобрите пријатели на Лазаров во Каталонија.

„Киро живее за гол, но и секогаш има чувство за асистенција. Кога не ми додава, тогаш сигурнo има подобра позиција за удар", вели за Лазаров капитенот на Барса.

По седум години во Шпанија, десниот бек на нашата репрезентација направи резиме за последните четири години минати во клубот на неговите сништа.

„Освојувањето на Лигата на шампионите во 2015 година беше еден од најзначајните моменти во мојата кариера. Играв и други финалиња и полуфиналиња, но кога конечно ќе се победи чувството е неверојатно. Јас секогаш сакав да играм за Барса и сега кога заминувам, заминувам мирно и задоволен од оствареното. Пред да дојдам тука Барса беше клубот на моето срце и кога заминувам останува исто така. Секогаш ќе бидам за Барса", вели нашиот капитен.

Репрезентативните активности и неговиот камп во Охрид се следните активности на Лазаров, а наскоро ќе дојде и новиот француски предизвик.

„Еден пријател ми рече дека нема млади и стари, туку добри и лоши. Напорно работам секој ден и тоа е единствен начин да останеш во форма. Ракометот е мојот живот, мојата љубов. Мотивацијата откако дојдов во Барса ми порасна. Нант секоја година е подобар и подобар и со многу ентузијазам гледам на мојот нов предизвик во кариерата", вели Лазаров.

По 21 освоен трофеј во кариерата, капитенот на македонската репрезентација за првпат ќе игра во францускиот шампионат на почетокот од септември во Суперкупот на Франција на таканеречениот „Трофеј на шампионите".

Комплетното интервју можете да го прочитате ТУКА:

Share