hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров со петтиот трофеј во сезоната, 54 во кариерата

kire vo barca

Со освојувањето на Купот на Кралот во Леон, Кирил Лазаров го одигра последниот натпревар во дресот на Барселона. Со стил, со победа и трофеј македонскиот ракометар ја заврши четиригодишната авантура во Барса и по седум години во Шпанија заминува во француски Нант. Овој трофеј за Лазаров петти во сезоната со Барса, а вкупно 21. признание откако го носи дресот на Каталонците. Еве ги сите можни титули во кариерата на најтрофејниот македонски спортист:

Трофеи во кариерата: (54 трофеи)

Освојувач на Лигата на шампионите:
1 пат (со Барселона)

Освојувач на IHF Супер глоб:
3 пати (1 со Атлетико Мадрид и 2 со Барселона (Шпанија))

Национален првак:
18 пати (2 со Пелистер (Македонија), 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб) (Хрватска), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија)) 4 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на националниот Куп:
18 пати (2 со Пелистер (Македонија), 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид), 4 со Барселона) (Шпанија))

Освојувач на АСОБАЛ Купот:
5 пати (1 со Атлетико Мадрид и 4 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:
6 пати (2 со Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) и 4 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на Каталонскиот Суперкуп:
2 пати (со Барселона)

Скоро половина од трофеите Лазаров ги освои во дресот на Барселона, каде ги освои сите трофеи кои може да се освојат во клупскиот ракомет.

Трофеи со Барселона: (21 трофеј)

Освојувач на Лигата на шампионите:1 пат

Освојувач на IHF Супер глоб: 2 пати

Национален првак: 4 пати

Освојувач на националниот Куп: 4 пати

Освојувач на АСОБАЛ Купот: 4 пати

Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот: 4 пати

Освојувач на Каталонскиот Суперкуп: 2 пати

Покрај овие колективни признанија, Лазаров често пати и инвидуално се истакнуваше носејќи го дресот на најтрофејниот клуб во Европа.

Share