hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса го одбрани трофејот од Купот, Лазаров заминува со титула

DCDb3g5WsAAgtg0

Барселона – Натурхаус Ла Роха 34:29 (14:14)

Ракометарите на Барселона го одбранија трофејот од Купот на Кралот во ракомет, откако попладнево во финалето на завршниот турнир „фајнал-ејт" го совладаа тимот на Натурхаус Ла Роха со 34:29 (14:14). Овој трофеј е последен во четиригодишниот период на Кирил Лазаров минат во каталонскиот гигант.

Натурхаус Ла Роха добро го почна мечот и преку Кабесон и Кабеља во првите 10 минути им парираше на фаворитите од Каталонија (5:5). Потоа, Раул Ентрериос ги поврза конците и Ривера и Дика Мем погодуваа за првото водство од +2 на екипата на Пасквал.

Капитенот Виктор Томас во 19. минута го постигна голот за 8:11 и први знаци на одлепување на Барса. Следеа голови на Сорондо и Арињо, но „бело-црвените" одговорија и преку Лангаро и Рубио на одмор заминаа со 14:14.

Вториот дел започна со головите на Сипржак и одбраните на Ристовски за 14:18 во 35. минута. Полека се разигра и Лазаров и со два гола на средина од вториот дел предноста ја зголеми на +4 (19:23). Барса се доближи во финишот со најчестите 3-4 голови разлика, откако Мем и Сипржак погодија за 22:26 во 50. минута. Рубио и Лангаро одговорија на голот на Лазаров за 26:28 на пет минути до крајот на средбата. Со таа инерција момците на Пасквал го приведоа натпреварот кон крај за финална победа од 34:29.

Најефикасни во таборот на Барселона беа Раул Ентрериос со 7 и Нгесан со 6 гола, а Кирил Лазаров крај своето име запиша 3 гола. Кај Натурхаус Ла Роха се истакнаа Лангаро и Мигељон Наранхо со по 5 гола.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share