hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса во уште едно Куп-финале, Лазаров пред збогување со трофеј

кире за куп

Барселона - Грањолерс 37:23 (17:10)

Кирил Лазаров е на чекор да се прости од каталонскиот гигант Барселона со титула. Каталонците по лесниот триумф во четвртфиналето на Копа Дел Реј, немаа проблеми и во полуфиналето. Барса славеше над Грањољерс со 37:23 и во борбата за трофејот ќе се соочи со Ла Риоха, која ја совлада трипати сезонава.

Се играше изедначено само на стартот, кога Гранољерс водеше со 2:3, по што следуваше серија на Каталонците од 5:0, за прво чувствително водство на мечот (8:3). До крајот на полувремето предноста само растеше и достигна највисоки +7 (17:10) по првите 30 минути игра.

Одличниот настап на Барса продолжи и во вторите 30 минути, во кои каталонците стигнаа до двоцифрена победа од 37:23. Кирил Лазаров беше стрелец на 2 гола во натпревар во кој повторно играше за екипата и даде придонес во уште едно финале. Најефикасни во редовите на Барселона при денешниот триумф беа Ривера со осум и Гарсија Робледо со четири погодоци.

Share