hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лесна победа и Куп полуфинале за Барса и Лазаров

кире барса

Барселона – Хуеска 32:19 (15:8)

Ракометарите на Барселона се пласираа во полуфиналето на Купот на шпанскиот Крал, кој од оваа година се одржува со осум екипи наместо со четири како до минатата година. Во второто четвртфинале во Леон, Барселона на Кирил Лазаров ја победи Хуеска со 32:19 (15:8) и обезбеди пласман во утрешното полуфинале.

Барса започна цвсрто во одбраната и по головите од контра напади на Ривера и Мем поведе со 6:3 во 10. минута. Хуеска се обиде со промени и тајм-аут да го пресече ритамот на Каталонците, но Барса само ја зголемуваше предноста. Со две асистенции на Лазаров и гол на Арињо, предноста во 17 минута порасна на 10:5. Финишот на првиот дел заврши во стилот на македонскиот капитен, кој погоди за +7 и со две асистенции му помогна на Сипржак да го заокружи првиот дел со 15:8.

Вториот дел започна со голови на Нгесан и Сипржак за солидни 21:13 во 40 минута. Пасквал комплетно го изротира играчкиот кадар и без многу грижи го приведе мечот кон крај за победа од 32:19.

Најефикасни поединци во екипата на Барселона беа Сипржак со 6 и Антонио Гарсија со 4 гола, а кај Хуеска се истакна Тешеира со 5 гола. Кирил Лазаров постигна 2 гола и имаше 4 аистенции, а Борко Ристовски собра 3 одбрани. Противник во полуфиналето на Барселона ќе и биде Грањолерс, кој во првото полуфинале во мечот во пладневниот термин ја совлада екипата на Бидасоа Ирун со 31:29. Попладнево се играат четвртфиналните мечеви од долниот дел од костурот помеѓу Адемар Леон и Хелветиа Анаитасум и Натурхаус Ла Роха – Фригорификос Моразо од Кангас.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share