hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Лазаров: Шпанската тактика ќе ми биде од голема корист во мојата понатамошна кариера

lazarovizjalva

Барселона тешко го прими синоќешниот пораз од Вардар и загуби од Веспрем во малото финале со 34-30 во меч во кој ниту еднаш не водеше. Кире Лазаров последен пат го носеше дресот на Каталонците и ја заокружи седумгодишната епизода во Шпанија.

„Моето искуство од Шпанија и од нивните тренери кои се најдобри тактичари ќе ми помогне многу во животот и во ракометот ако останам во овој спорт и по завршувањето на кариерата. Гледате дека шпанските тренери се во мода, имаат огромни успеси и тоа треба да се цени. Што ќе паметам од Барса и Шпанија? Минав седум години во АСОБАЛ лигата, ги освоив сите трофеи, двапати станав светски и еднаш европски првак и ова искуство е многу драгоцено за мене. Заминувам во земја на светскиот првак, земја каде што се работи исто така многу сериозно и верувам дека ќе се надоградам во нивниот шампионат. Јас сум амбициозен и зошто да не се вратам повторно тука на Ф4. Што се однесува до денешниот меч, кога ќе примите толку многу голови не може да се надевате на победа на завршен турнир", смета Лазаров.

За првпат во кариерата Кире Лазаров е четврти на завршниот турнир на Лигата на шампионите, откако претходно ги освојуваше првото, второто и третото место.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

 

Фото - Филип Вирановски / Гол.мк

Видео - 24ракомет.мк

Share