hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Вардар заслужи да победи, може да слави и против ПСЖ

lazarov so vardar 2

Најдобриот ракометар на Барселона и во полуфиналето на Лигата на шампионите против Вардар, Кирил Лазаров спортски ја честита победата и смета дека Вардар не е без шанси и во финалето.

„Вардар заслужено, не можам да кажам дека не е заслужено. Имаа спортска среќа, но мислам дека и ние да победевме немаше да биде незаслужено. Веќе неколку години ни се случува исто во последните секунди, истото ни се случи во полуфиналето против Флензбург, но тоа е спортот. Навивачите нека уживаат, што е тука е, му посакувам среќа на Вардар. Мислам дека Вардар одигра екстра и може да го победи ПСЖ" , рече Лазаров.

Капитенот на нашата репрезентација вторпат е поразен во полуфиналето на Ф4 во Келн, по поразот од пред три години против Флензбург.

Share