hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Вардар ја изненади Барса и ќе игра финале на ЛШ со ПСЖ

kire so Vardar

Вардар - Барселона 26-25 (13-12)

Ракометарите на Вардар се вториот финалист на Лигата на шампионите, откако во драматично полуфинале го победи тимот на Барселона со 26-25 (12-11). Во финалето утре од 18.00 часот Вардар ќе се соочи со ПСЖ. Мечот започна со две грешки и лесни голови на Јиха и Борозан (1:1). Гол за гол се играше во следните 5-6 минути, а Гонзало прв се разбрани меѓу стативите. Французинот Дика Мем на Барса и донесе прво водство од +2 во 11. минута.

Првиот аларм на криза кај „црвено-црните" беа голот на Ривера од пенал донесе 5:8. Но, исклучувањето на Томас ги врати вардарци на -1 со головите а Алекс Душебаев и Хорхе Македа (7:8). По тајм-аутот на Раул, најнапред нови две „бомба" исфрли Борозан, па Лазаров му сервираше асистенција на Сипржак за 9:10.

По 15 минути водство на Каталонците, Алекс Душебаев од транзиција погоди за 10:10 во 23. минута. Финишот на полувремето мина во знакот на тврд ракомет, а по исклучувањето на Раул Ентрериос, Вардар имаше напад за водство, но Карачиќ направи прекршок во напад. Сепак, во наредниот напад Хрватот погоди на празен гол за 13:12 и прво водство на македонскиот шампион.

Штербик го отвори вториот дел со одбрана, но и Де Варгас се реваншираше на спротивната страна. Следеше драматичен период во кој двете екипи се менуваа во водството. Душебаев израмни на 22:22, а потоа беше и 23:23 во 56 минута. Чупиќ на три минути до крајот го совлада Ристовски од пенал за 24:23, а Лазаров на истекот на 58 минута погоди за 24:24. Циндриќ со убав влез му донесе на Вардар 25:24, пред Барса преку Лазаров да израмни на 25:25 на 20 секунди до крајот. Тогаш „бомбата" на Циндриќ со звукот на сирената на Вардар му донесе историска победа и прво европско финале.

По тајм-аутот на Раул, имаше 15 секунди до крајот, кога Циндриќ во последните секунди ладнкрвно биеше и погоди за голема победа со 26:25 и пласман во мечот за трофејот. Најдобри во победничкиот тим беа Чупиќ и Душебаев со по 7 голови, а Борозан даде 5, додека кај Барселона се истакна нашиот Лазаров со 6 голови, а Ривера даде 4. Не смее да се заборави придонесот на Арпад Штербик, кој имаше дури 14 интервенции.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

ФОТО: Филип Вирановски
www.gol.mk

Share