hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Проштална победа и перфектна лига за Лазаров и Барселона

kire last game

Барселона – Хуеска 29:28 (15:16)

Ракометарите на Барселона се изнамачија, но ја победија Хуеска со 29:28 (15:16) и ја заокружија ASOBAL лигата со перфектни 30 победи. Така, четврта сезона по ред Каталонците ги добија сите натпревари од домашниот шампионат, што се поклопува со пристигнувањето на Лазаров. Нашиот капитен одигра 120 натпревари и забележа 120 победи во шпанската елита и заминува во Нант со максимални четири титули.

Попладнево во последниот натпревар на Лазаров и Нодесбо, Барса се мачеше со мотивираната екипа на Хуеска, која водеше скоро три четвртини од натпреварот. Потоа на додавање на Лазаров, Арињо израмни на 25:25 на девет минути до крајот. Следеа голови на Лазаров и Арињо за водство од 28:27 во 53 минута. Рејес намали на 29:28 и го направи финишот поинтересен, но Барса се одбрани и минимално се радуваше.

Кај Барселона најефикасни беа Лазаров со 6 и Ентрериос со 5 гола, а Борко Ристовски собра 6 одбрани. Во таборот на Хуеска се истакнаа Тешеира со 7 и Фуентес и Гарсија со по 6 гола. До крајот на сезоната Лазаров и Борко Ристовски се борат за уште две титули, Лигата на шампионите во Келн и Купот на Кралот во Леон.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share