hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров со уште едно признание: Избран во идеалниот тим на мајските квалификации

лазаров со исланд 2

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров е избран во идеалниот тим на ЕХФ за изминатите две кола, двомечот со Исланд во Скопје и Рејкјавик. Лазаров е прогласен за најдобар десен бек, а со 40 постигнати гола е убедливо прв на лусттаа на стрелците во овој квалификациски циклус.

Францускиот голман Тијери Омејер, Уве Генсхајмер од Германија, Црногорецот Вуко Борозан, младата суперѕвезда од Норвешка, Сандер Сагосен, шпанското десно крило Феран Соле Сала и босанскиот пивот Бенјамин Буриќ се останатите ракометари кои го сочинуваат идеалниот тим на мајските квалификациите.

Во јуни во Скопје против Чешка и на гости во Украина, нашата селекција ќе се бори за потврда на континуитетот и пласман на Европското првенство во Хрватска во 2018 година.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share