hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса ја прослави титулата, Лазаров со 950 гол во ASOBAL лигата

18403410 1937502112942103 4957847151743851090 n

Барселона - Анхел Хименез 37:29 (19:13)

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров се врати во тимот на Барселона по неиграњето против Пуерто Сагунто во средата и постигна два гола во победата над Анхел Хименез во „Палау Блауграна" со 37:29 (19:13). Со овие два гола Лазаров стигна до вкупна бројка од 950 погодоци во ASOBAL лигата постигнати во изминатите седум години во кои настапуваше прво за Сиудад Rеал и за Атлетико Мадрид, а во изминатите четири години во дресот на Барселона.

Каталонците кои веќе ја обезбедија шампионската титула и денес дојдоа до 28 победа во 28 натпревар во домашниот шампионат. По триумфот на ракометарите на Барселона им беше врачен и шампионскиот пехар.

До крајот на сезоната на Лазаров и соиграчите им преостануваат уште две првенствени средби, завршницата на Купот на Кралот и завршниот турнир на Лигата на шампионите.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

 

Share