hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров не настапи, Барса триумфално се враќа од Валенсија

puerto - barcca

Пуерто Сагунто – Барселона 24:32 (12:14)

Кирил Лазаров заради повреда на тетивата не отпатува со екипата на Барселона на гостувањето во Валенсија против Пуерто Сагунто, но и без него првакот забележа нова победа, 27 во исто толку натпревари во шпанската ASOBAL лига. Момците на Чави Пасквал го совладаа жилавиот домаќин со 24:32 (12:14).

Половина полувреме се играше израмнето и дури пет пати резултатот беше израмнуван. Потоа со головите на Дика Мем, Саубич и Арињо, гостите направија серија за предност од 7:11. Сала и Позер погодија на крајот од првиот дел за 12:14 на одмор.

На почетокот од вториот дел следуваше серија на одбрани на Гонзало, па Дика Мем и Сипржак погодија во серија за 19:24 на половина од второто полувреме. Без многу проблеми и натегања и драма Барса извојува победа од 24:32.

Во екипата на Барселона се истакнаа Антонио Гарсија со 5, Дика Мем и Виктор Томас со по 4 гола, a Гонзало собра 10 одбрани. Кај Пуерто Сагунто најефикасни беа Позер, Фиљо и Морињиго со по 4 гола.

 

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share