hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија демонстрираше силен отпор, но загуби во Рејкјавик

islandmkd

Исланд - Македонија 30:29 (16:16)

Во четвртиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Хрватска во 2018 година, македонската репрезентација загуби во Рејкјавик од Исланд со 30:29 (16:16). И покрај поразот избраниците на Раул Гонзалез имаат подобар меѓусебен скор од својот скандинавски ривал пред одлучувачките две кола во јуни.

По воведните 0:1 на Стоилов, нашата селекција продолжи со доброто отворање на натпреварот и поведе со 2-4 во 6 минута. Кога нашиот кружен напаѓач погоди во 17 минута, Македонија дојде до највисоки 7:10. Со серија од три голови, Исланд преку Гудмундсон, Арасон и Гунарсон го израмни резултатот на 10:10. Со игра гол за гол првиот дел заврши без предност за ниту една од двете селекции (16:16).

На почетокот од второто полувреме Борко Ристовски одбрани неколку зицери и не им дозволи на домашните ракометари да создадат предност. Халгримсон погоди за 23:21, па следеше исклучување на Манасков и брзо домашната селекција дојде до пе гола предност.
Исклучен во 52 минута беше Стојанче Стоилов, но блесна Филип Лазаров и намали на 26:24 на пет минути до крајот. Гоце Георгиевски постигна значаен гол за да не дозволи поубедлив пораз, на дваесет секунди до крајот прецизен беше и Кире Лазаров, но тоа беше доволно само за минимален пораз од 30:29 .

Кирил Лазаров со 8 гола беше најефикасен во нашиот национален тим, Манасков постигна 6, а Миркуловскси и Стоилов по 5 гола. Борко Ристовски на голот собра 15 успешни интервенции. По четири одиграни кола сите четири селекции од нашата група имаат идентичен скор од две победи и два порази.

Share