hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Драго ми е што децата не доаѓаат поради мене, туку за да учат ракомет

kamp lazarov

Ракометниот камп „Кирил Лазаров 7" оваа година ќе ја има својата трета епизода која ќе биде реализирана од 20 јуни до 2 јули во Охрид. Капитенот на ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, на денешната прес-конференција го најави организирањето на овој камп по трет пат. Досега ова ќе биде најмасовен камп, а организаторот КМГ Спорт најави дека се е подготвено за самиот камп. Кирил Лазаров со голема радост исткана дека неговата идеа од пред неколку години расте од година во година, а во проектот најавено е присуство на над 300 деца, поделени во две групи.

„Кампот се организира трет пат во последните три години. Искрено, по изминатите две години сум среќен, задоволен што растеме како камп, што можам слободно да кажам дека веќе и децата го повторуваат своето учество. Голем дел од децата што беа во првите две изданија повторно ќе учествуваат, што значи дека сме квалитетни. Јавна благодарност до нив и нивните родители за довербата, затоа што и јас сум родител, а знам како е да пуштиш дете надвор од дома. Добро е што децата во кампот не доаѓаат само заради името на Кире Лазаров, туку заради квалитетот. Тогаш ќе имам слободни денови, ќе бидам и јас со децата. Ќе има две групи по 150 деца, голема е честа да се има оваа бројка", изјави Лазаров.

Како дел од овој ракометен камп ќе учестуваат бројни квалитетни тренерски имиња, од нашата земја учество засега го потврдиле Данило Брестовац кој работи во Шамбери, Франција, како и Наташа Коцевска, која работи во Дортмунд, Германија. Исто така на кампот треба да бидат и странски тренери кои се експерти за млади ракометари Јан Барслев и Торбен Нилсен (Данска), како и Оливера Кецман (Србија).

„Голема благодарност до сите што нè поддржуваат во изминатите години и овој камп кој започна пред две години. Кампот ќе се одржува на иста локација, во хотел „Акварина" во Охрид. На добар пат сме да оствариме организација добра, не само за македонски услови туку и пошироко. Овој проект е добро организиран, не го кажуваме само тоа, туку го слушаме од актерите и нивните родители. Ќе имаме две групи оваа година, а учесници ќе бидат деца не само од Македонија, туку и од САД, Романија и уште многу други земји", изјави Горан Ѓоргоноски од агенцијата КМГ Спорт.

Постојат сите предуслови ова издание на кампот на нашиот најдобар ракометар да биде најуспешно досега.

Share